Мост во Сибир попушти под шлепер

Сообраќајот меѓу две села е прекинат, а луѓето останаа отсечени од своите куќи и основните јавни услуги.

Голема сообраќајна несреќа се случи на 2 февруари во руската република Бурјатија. Мостот меѓу селата Стара Курба и Нова Курба попушти под камион тежок 20 тони кој превезуваше техника за работа на патишта тешка 53 тони.

Возачот не е повреден и тврди дека до местото го довел GPS системот. Меѓутоа, кога му беше поставено прашањето дали го забележал знакот за максималната дозволена тежина која мостот може да ја прими или решил да го игнорира, не сакаше да одговори. За мостот важи ограничувањето до 10 тони.  

Поради несреќата локалното население го изгуби единствениот приод до своите куќи и важните јавни услуги. Автобусот обично ги превезува децата од едното село во градинката во другото село, а Стара Курба нема здравствен дом.

Работниците и полицијата се на местото на несреќата, но сѐ уште не е одлучено кои машини ќе бидат потребни за извлекување на камионот.

Погледнете го видеото: Од дното на сибирската река извлечена автодигалката, останаа уште тракторот и цистерната

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња