Железничката делница на Кримскиот мост ќе биде завршена пред предвидениот рок, најави претседателот на Русија Владимир Путин на медиумскиот форум „Правда и правичност“ организиран од Серускиот народен фронт.
„Кон крајот на годината, пред предвидениот рок, „железничката делница на Кримскиот мост ќе биде завршена и тој ќе биде пуштен во сообраќај“, рече Путин, пренесуваат медиумите.
Претседателот на Русија Владимир Путин ја отвори друмската делница на најдолгиот мост во Европа (19 километри) на 15 мај минатата година зад воланот на еден од камионите „Камаз“ кој учествуваше во овој градежен потфат.
Градителите на мостот ги поставија повеќе од половината шини на железничкиот мост преку Керченскиот теснец.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче