Пратеникот на ЛДПР Александар Курдјумов изјави дека тој би ги ставил на листата на УНЕСКО пељмените. „И палачинките, (блины (рус.) – заб. на ред.) се нашиот руски производ, највкусниот руски производ. Пељмените и палачинките – тоа е она што секогаш се прави во нашите домови. Во секој руски дом прават пељмени и во секој печат палачинки. Тоа се два постојани производи низ вековите“, вели пратеникот.
Тој додава дека нема повкусна храна од пељмените и палачинките.
„Каде и да одам, на службени патувања, надвор од земјата, секаде каде што живеат Руси, секаде се јадат пељмени и палачинки. И сите странци кои доаѓаат кај нас со задоволство јадат палачинки и пељмени, со павлака, со мед, со било што. Каде и да видите пељмени и палачинки – таму се Русите“, заклучи тој.
Прочитајте кога најмногу се јадат палачинки во Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче