Претприемачот и директор на корпорацијата „Тесла“ Илон Маск повторно разменува пораки на руски јазик со своите следачи на „Твитер“.
Одговарајќи на прашањето на еден од следачите за тоа дали Маск ја освојува вселената „за да доведе вонземјани на Земјата“, претприемачот одговори на руски: „Каде се вонземјаните?“. А одговарајќи на твитот за тоа дека „вонземјаните живеат на Марс под земја”, Маск напиша: „Во таа грмушка лежи зајакот“.
где инопланетяне?
— Elon Musk (@elonmusk) 20 апреля 2019 г.
Вот где собака зарыта
— Elon Musk (@elonmusk) 20 апреля 2019 г.
Освен тоа, некој му напишал на Маск: „Ти си Словен, изгуби“ (што е алузија на шоуто на Пјудипај „You slav you lose” – заб. на уред.), на што Илон одговори: „Велат дека и кокошките ги молзат“ (руска изрека со значење: секој може да зборува што сака, не значи дека е вистина).
Говорят, что кур доят
— Elon Musk (@elonmusk) 20 апреля 2019 г.
Ова не е првпат Маск да комуницира со следачите на руски јазик.
Во февруари тој на „Твитер“ напиша: „ „Ха, ха, закон“ како одговор на прашањето „Како ти се допаѓа ова, Илон Маск?“.
А во март на корисничка на интернетот ѝ се заблагодари за поддршката во името на руските вселенски ентузијасти. „Ви благодарам за убавите зборови!“, напиша тогаш на руски јазик.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче