„Ха, ха, закон“ (рус. офигенно), сосем неочекувано одговори Маск на прашањето како му се допаѓа преправена „Лада“ зад чиј волан беше еден иноватор, осумнаесетогодишен младич од Русија. Снимката кој НТВ ја објави на „Твитер“ е направена на улиците на рускиот град Ставропол. На неа се гледа како возачот седи со грб свртен спрема хаубата, додека моторот се наоѓа во багажникот.
Корисниците на социјалните мрежи на Запад претходно се воодушевија од мемот „Како ти се чини ова, Илон Маск“, кој пред малку повеќе од година дена се појави во Русија и стекна огромна популарност, го прифатија и почнаа да го поставуваат ова прашање на американскиот бизнисмен и визионер објавувајќи најневеројатни, доведени до апсурд „изуми“, фрлајќи му на тој начин „ракавица“ на Маск.
And how do you like this, @elonmusk? pic.twitter.com/DhSzqzNGSC
— НТВ (@ntvru) 11 February 2019
Овој пат е забележана уште една реакција, на чуварите на редот од Ставропол кои прекршочно казнија неодговорен возач и тоа, како што наведоа, за управување со автомобил во услови под кои користењето на транспортни средства не е дозволена, за непочитување на прописите за задолжително осигурување и прекршување на правилата кои сообраќајните средства на пат мораат да ги исполнуваат. Уште и соопштија дека превозното средство му е одземено на сопственикот и се наоѓа на посебен паркинг.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче