Маск на руски благодари на честитката за успешното спојување на вселенскиот брод „Драгон 2“ со МВС

Reuters

Првиот човек на компанијата SpaceX Илон Маск ѝ се заблагодари на руски јазик на корисничка на „Твитер“ за честитката по повод успешното спојување на вселенскиот брод „Драгон 2“ со Меѓународната вселенска станица.

„Спасибо за добрые слова!” (Благодарам за убавите зборови!), напиша Маск на својот профил на „Твитер“.

Така тој одговори на коментарот на корисничката на „Твитер“ Екатерина Пављушченко, која на англиски му честиташе од името на „вселенските ентузијасти на Русија”.

Таа исто така претпостави дека „Роскосмос“ и неговиот директор Дмитриј Рогозин нема да му честитаат на Маск на успехот. Меѓутоа, по спојувањето „Роскосмос “ ѝ честиташе на НАСА за успешното спојување на американскиот вселенски брод „Драгон 2“ на компанијата SpaceX со Меѓународната вселенска станица, пренесуваат руските медиуми.

„Роскосмос“ им честита на колегите од НАСА на успешното експериментално спојување на новиот американски брод и истакнува дека безбедноста на летовите треба да биде беспрекорна. Државната корпорација го поздравува развојот на односите во сферата на вселената и ја изразува својата увереност дека соработката ќе се развива“, соопшти прес-службата на руската космичка корпорација.

Во неделата американскиот вселенски брод „Драгон 2“ првпат се спои успешно со Меѓународната вселенска станица.

Прочитајте повеќе: Американски медиуми: Колку зло има во рускиот збор „наш“ и дали е Илон Маск навистина руски шпион?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња