Американски медиуми: Колку зло има во рускиот збор „наш“ и дали е Илон Маск навистина руски шпион?

Reuters

Дали се сеќавате на веста за „Лада“ (ВАЗ-2106) од Ставропол на која хаубата и багажникот си ги заменија местата, па се добива впечаток дека возилото се движи наназад?

„Ха, ха, закон“, односно на руски „офигенно“, одговори тогаш првиот човек на компаниите SpaceX и Tesla motors на прашањето на телевизијата НТВ „Како ти се допаѓа ова, Илон Маск“, а руските социјални мрежи веднаш почнаа да дискутираат за познавањето на рускиот јазик на Маск и некој веќе на шега напиша дека овој бизнисмен е „наш“, а потоа и дека е „најверојатно руски шпион“. Но, нагласуваме – на шега!

Меѓутоа, порталот Polygraph.info, во служба на „Гласот на Америка“ и „Радио Слобода“, не знае што е шега и се впушти во сериозна истрага и своите резултати ги објави во статијата „Не, Илон Маск не е руски шпион“. На „Полиграф“ имено ни најмалку не му се допадна што Маск, по само еден збор напишан на руски јазик, Русите веќе го прифаќаат како свој. 

„Зборот „наш“ не е некој невин збор“, објаснува „Полиграф“, „затоа што со зборовите „Крим (е) наш“ беа преплавени социјалните мрежи 2014 година, кога Крим беше припоен на Русија“.  

Русите многу се шегуваа и со зборовите „Трамп (е) наш“ во текот на претседателските избори во САД „и изгледа дека тој збор „наш“ сепак има првостепено значење во пропагандата на Кремљ“, заклучува „Полиграф“.

Затоа, се разбира, новинарите на „Полиграф“ мораа со помош на некои таканаречени експерти да побараат скриена смисла во изјавата „Маск наш“, и дојдоа до заклучок дека кога Русите го кажуваат тоа… тие сепак само се шегуваат. И нема да поверувате, мислењата на тројцата експерти со кои разговараше Polygraph.info во целост се поклопуваат околу тоа дека зад рускиот збор „наш“ секогаш се крие некое големо зло, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња