Медведев призна дека во 10 клас на тромесечје имал единица

Global Look Press
Рускиот премиер истакна дека најважно е човек да ја собере сета волја и добро да го заврши школувањето.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави дека во 10 клас по еден предмет на тромесечјето имал „двојка” (во Русија „двојка” е најниската оцена, еквивалентна на „единица” во Македонија), но подоцна успеал да ја поправи. 

„Ќе ви откријам една тајна, претходно немам зборувано за тоа: во 10 клас (тогаш имаше 10 класа, а не 11, како сега), по еден предмет имав „двојка“ на тромесечјето“, призна тој на серускиот отворен час за ученици на тема „Професија: раководител”. „Но најважно е човек да ја собере сета волја и добро да го заврши школувањето“, додаде рускиот премиер. „На крајот на учебната година не само што немав двојки, туку не ми остана ниту една тројка. Сѐ поправив“.

„Двојките мораат да постојат за да сфатат учениците која е разликата меѓу двојка и петка“, заклучи шефот на руската влада.

Тој исто така изјави дека на почетокот сакал да оди на училиште, но во извесни години тоа му поминало.

Прочитајте повеќе: Класната на Путин: На училиште зрачеше со непресушна енергија, а понекогаш и бегаше од часови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња