Очевидци снимија пад на метеорит над рускиот град Краснојарск (ВИДЕО)

На интернет се појави видеоснимка од пад на метеорит над сибирскиот град Краснојарск. На снимката јасно се гледа светлечки објект кој по два блесок исчезнува.

Светлана, една од очевидците, жителка на Советскиот реон на овој руски град, вели дека објектот со силна зеленкасто-бела светлина пролетал на небото и исчезнал.

Леташе со голема брзина паралелно со земјата, а сѐ траеше многу кратко, не повеќе од пет секунди, рече таа.

Слични информации од Краснојарск се појавија на социјалните мрежи, додека од Министерството за вонредни состојби на РФ не е потврдена појавата на летечкиот објект.

Астрономот Владимир Сурдин, доцент на Физичкиот факултет при Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, во разговорот за телевизиската станица „Ѕвезда“, потврди дека сведоци виделе метеор кој паѓа.

„Денес има толку многу видеорегистратори, така што е практично невозможно да се пропушти пад на ниту еден метеор“, рече тој.

Движењето на ова небесно тело го забележале и жители нa Kанск и Иланскиот реон, пренесуваат руските медиуми.

Прочитајте повеќе: Се појави снимка од експлозијата на метеоритот во близина на бреговите на Камчатка (ВИДЕО)

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња