Службени кучиња на спортскиот празник на московската полиција кој се одржува секоја година.
Григориј Сисоев /SputnikКуче пред непријателски ров, Кримска војна.
Getty Images1. Еден запис од 1840 година сведочи дека војниците ги користеле кучињата во Кавкаската војна – еден од најдолгите вооружени конфликти во историјата на Русија, кој траел над 60 години. Кучињата на фронтот служеле како гардисти и се користеле како извидувачи чија задача била да го предупредат својот водач кога ќе почувствуваат дека се приближува непријателот.
Царот Николај Втори на фотографија со генерали и со кучето.
Getty Images2. Познатиот руски војсководец генерал Скобељев ги користел кучињата во својот поход во Централна Азија во текот на деведесеттите години од 19 век. Тие влечеле муниција, пренесувале пошта и патролирале околу упориштата.
Во воената школа во Подмосковје кучињата се обучуваат да им помагаат на болничарите во пронаоѓањето и во извлекувањето на ранетите од борбените положби.
Getty Images3. Кучињата ммногу се користеле во Руско-јапонската војна (1904-1905) и во Првата светска војна. Болничарското куче Каро останало познато во историјата по тоа што спасило 37 офицери и војници. Во Првата светска војна кучињата се обучувани да откриваат мини.
Работничко-селска Црвена армија. Одгледувачница на службени кучиња.
Архива на Нинел Устинова4. На почетокот од 20 век кучињата биле интегрирани во руските полициски сили. Во извесна мера за тоа е заслужен функционерот на Министерството за внатрешни работи Василиј Лебедев. Тој бил импресиониран од кучињата-работници што ги видел во Германија. Така во 1908 година била формирана специјална организација за примена на кучињата на терен ширум Русија.
Доберман пинчерот Треф.
Public domain5. Во Санкт Петербург во 1909 година била отворена првата школа за дресура на човечки кучиња. Едно од најпознатите бил доберман пинчерот Треф кое помагало во пронаоѓање крадци и терористи.
Помладиот инспектор-кинолог Александар Козмарев со службено куче-трагач по име Алиј
Валериј Бушухин/TASS6. Во СССР властите од средината на дваесеттите години од минатиот век ја обновиле традицијата за обука на кучиња за полицијата и за војската. Советската милиција во текот на триесеттите години од минатиот век се определила првенствено за германскиот овчар.
Голема татковинска војна, Јужен фронт. Екипа на оклопното возило БА-10 со кучето Џуљбарс.
Емануил Евзерихин/TASS7. Во Втората светска војна советската армија користела 60.000 кучиња. Најдобрите човекови пријатели од бојното поле извлекле околу 700.000 ранети војници. Кучињата помогнале во откривањето на милиони мини, па дури и во подметнувањето бомби со кои се уништувани непријателските тенкови. Легендарното куче Џуљбарс има пронајдено 7.000 мини и артилериски оружја, а потоа било рането, па војниците го носеле на раце во текот на Парадата на победата во Москва во јуни 1945 година.
Кинолог со службено куче на натпревар за откривање наркотици во лесни транспортни возила на шампионатот на Сибирската царинска управа во различни кинолошки дисциплини.
Александар Крјажев/Sputnik8. По војната руските полицајци и војници во сè поголема мера ги користеле кучињата. Сега сите полициски единици имаат барем по едно куче.
Припадник на арктичката мотострелачка бригада со запрежно куче, во близината на населеното место Ловозеро.
Лав Федосеев/TASS9. Во руските воени единици кои се наоѓаат на Арктикот кучињата се научени да влечат санки.
Прочитајте исто така: Како камилите и мачките ѝ помагале на Црвената армија во Втората светска војна
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче