АвтоВАЗ: Новиот караван Lada Granta Cross во продажба летово

Lada.ru

Компактниот караван Lada Granta Cross, претставен минатата година на Московскиот меѓународен саем на автомобили, ќе се појави на рускиот пазар ова лето, поточно во јули-август, изјави за весникот РГ Стас Березиј од службата за односи со јавноста на АвтоВАЗ.

Сериската верзија на овој автомобил ќе добие пластични заштитни делови на каросеријата. Покрај тоа, возилото ќе има зголемен клиренс, но не е познато со кој точно мотор ќе биде опремена Lada Granta Cross. Според некои информации, под хаубата на овој моде ќе се најде 1,6-литарски мотор од 87 и 106 КС, додека менувачите ќе бидат мануелни и автоматски

Почетната цена на класичниот караван Lada Granta е 461900 рубли (6312,5 €), па во однос на аналогијата со автомобилите Kalina и Kalina Cross може да се изведе заклучок, како што наведува, дека крос-верзијата на овој модел ќе биде од 30 до 50 илјади рубли поскапа во зависност од опремата. Седанот Lada Granta може да се набави почнувајќи од 434900, а лифтбекот и хечбекот од 451900 рубли.

Најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ планира до крајот на 2026 година да пласира на пазарот осум нови модели и да обнови девет постоечки. На рускиот пазар возилата од марката „Лада“ се застапени во сегметните В, В+, SUV и LCV. Компанијата произведува пет модели Largus, 4X4, Vesta, Granta и Xray. На возилата на АвтоВАЗ отпаѓаат 20 отсто од рускиот пазар на патнички автомобили, додека официјалната продажна мрежа брои над 300 салони.

Како што беше соопштено деновиве, АвтоВАЗ во моментов врши тестирање на автомобилот Lada Granta Sport 2019.

Прочитајте повеќе: „Автоваз“ на Саемот на автомобили во Москва претстави пет нови модели на „Лада“

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња