Руската лизгачка Алина Загитова освои злато на Светското првенство (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Третото место го зазеде Русинката Евгенија Медведева со 223,80 бодови.

Олимписката шампионка Алина Загитова го освои златото на Светското првенство во уметничко лизгање што се одржува во јапонскиот град Саитама.

По кратката и слободната програма таа собра 237 бодови.

Второто место го зазеде Елизабет Турсинбаева од Казахстан со 224,76 бодови, а третото Русинката Евгенија Медведева со 223,80 бодови.

Уште една претставничка на Русија, Софија Самодурова, ја зазеде осмата позиција со 208,58 бодови.

Русија, врз основа на постигнатите резултати, го сочува трите квоти во женското уметничко лизгање на следното Светско првенство што ќе се одржи во март 2020 година во Монтреал.

Прочитајте повеќе: Која е новата руска ѕвезда на уметничкото лизгање?