Жителка на руската република Башкирија налетала на лос кој залута во дворот на нејзината зграда и фрли мачка врз него. Дивото животно се исплаши и избега, меѓутоа не се знае како си поминала мачката. Очевидци го снимија настанот и го објавија на социјалните мрежи.
Лосот подоцна го забележале во друг дел на градот. Шетал меѓу повеќекатниците додека не го истерале момчиња, мавајќи го со топки снег.
Рускиот телевизиски канал „Нефтекамск-24” објави дека лосот вечерта бил пронајден и привремено успиен, а потоа префрлен во шумата, и дека се наоѓа во добра состојба.