Леонардо Ди Каприо на својата „Фејсбук“ страница апелира да се заштитат белите китови и китовите-убијци кои се наоѓаат во „занданата на китовите“ во Средниот залив кај градот Нахотка во Русија. Тој ги повика корисниците на „Фејсбук“ да потпишат петиција за нивно ослободување. Петицијата објавена на сајтот Change.org веќе собра преку 880 илјади потписи. Во неа се наведува дека е неопходно китовите-убијци да се пуштат во својата природна средина, а бели китови да им се предадат на стручњаци кои ќе се грижат за нив додека не бидат подготвени да се вратат во својата природна животна средина. Претходно на ситуацијата во рускиот приморски залив укажаа глумицата Памела Андерсон и океанографот Жан Мишел Кусто.
Во Средниот залив кај градот Нахотка се наоѓаат повеќе од десет китови-убијци и околу 90 бели китови кои се илегално уловени за да бидат продадени во Кина. Руските истражни органи на Хабаровскиот крај водат истрага за овој случај.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче