Руската Тихоокеанска флота реши да ѝ помогне на Памела Андерсон

Reuters
Тихоокеанската флота на руската Воена морнарица вети дека ќе им помогне на еколозите да ги префрлат на слобода белите китови и китовите-убијци кои се наоѓаат во „затворот за китови” во Приморскиот крај на Русија, соопшти прес-службата на флотата.

„Да, пристигна таква молба од еколозите. Ние ја разгледавме и ќе им помогнеме. Кога еколозите ќе ги одредат времето и местото каде и кога тие треба да бидат пуштени, ќе го продолжиме разговорот“, соопшти Тихоокеанската флота.

Се наведува дека тоа нема да биде пред Нова година.

За транспорт можат да се користат помошните бродови на Тихоокеанската флота.

Претседателот на советот на регионалната граѓанска организација „Еколошка стража на Сахалин” Дмитриј Лисицин соопшти дека се работи на планот за пуштање на китовите-убијци и дека се бира најповолниот реон за тоа.

Тој истакна дека животните биле фатени на северот на Хабаровскиот крај во Шантарското море, во реонот на Сахалинскиот и други заливи, каде што го поминуваат летото. Сега треба да се пуштат онаму каде обично ја поминуваат зимата.

Во центарот за привремено сместување на китовите во Средниот залив кај градот Нахотка се наоѓаат преку десет китови-убијци и околу 90 бели китови кои биле илегално фатени за да бидат продадени во Кина. Истражните органи на Хабаровскиот крај поведоа истрага за овој случај.

Еколозите сметаат дека прашањето за пуштањето на животните на слобода треба да биде што поскоро решено, затоа што китовите во заробеништво не можат да преживеат подолго од два месеца.

Претходно Памела Андерсон, член на советодавниот одбор на Меѓународниот фонд за заштита на животните (IFAW) го замоли Владимир Путин да го забрани ловот на китови-убијци и бели китови заради нивна продажба во Кина.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Владимир Путин не ја видел молбата на американската актерка, но дека е запознаен со оваа ситуација и дека Кремљ планира по повод ова прашање да се обрати до избраниот губернатор на Приморскиот крај Олег Кожемјака.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња