Русија повторно размислува за мегапроектот за изградба на пристаниште на Арктикот

Владимир Астапкович/Sputnik
Руската влада доби предлог да го продолжи проектот за изградба на пристаништето Индига во Ненецкиот Автономен Округ. Претходно беше планирано ова пристаниште да се користи за извоз на течен гас.

Работната група за соработка во реализацијата на нови инвестиции при руската влада изнесе во својата презентација на 21 ноември предлог да се поддржи изградбата на пристаништето Индига, пишува „Комерсант”.

Проектот предвидува и изградба на железничка пруга Сосногорск-Индига.

Планирано е пристаништето да се користи за извоз на 70 милиони тони роба годишно преку Северниот морски пат, од кои 50 милиони тони ќе бидат јаглен од Кузбас.

Се проценува дека проектот ќе чини 258 милијарди рубли (3,4 милијарди евра), во кои државата треба да учествува со 198 милијарди рубли (2,6 милијарди евра).

Претходно се откажа изградбата на пристаништето Индига бидејќи компанијата „Роснефт“ не доби дозвола. Потоа, како што изјави губернаторот на Ненецкиот Автономен Округ Александар Цибуљски, за проектот се заинтересирале „крупни инвеститори”.

Во презентацијата се наведува дека потенцијални инвеститори заинтересирани за овој проект се СУЭК (Сибирска енергетска компанија за производство на јаглен), „Кузбассразрезугољ” и корпорацијата AEON.

Директорот и сосопственик на корпорацијата AEON Роман Троценко соопшти дека е подготвен со групата на Виталиј Јужилин да вложи во изградбата на пристаништето 60 милијарди рубли (788 милиони евра).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња