Рускиот принц на „синтолот“ не престанува да провоцира на социјалните мрежи

Ruptly
Кирил Терјошин од рускиот град Пјатигорск на интернет е промовиран во „принц на синтолот“, а неговите раце со бизарни, вештачки напумпани мускули наречени „базуки“, соопшти на својата страница на социјалната мрежа „Вконтакте“ дека останал без рацете кои го „прославија“.

„Готово е со базуките, отстранети се, заедно со Инстаграмот“, напиша тој, претходно објавувајќи своја фотографија со значително намалени мускули на рацете, замотани во крпи и пластични ќесиња. Фотографијата подоцна беше отстранета.

Принтскрин

Терјошин неодамна стекна огромна популарност кога негова фотографија со мускули зголемени до невидени размери се прошири по интернетот. Овој младич не ги добил мускулите со вежбање, туку со вбризгување на препаратот синтол, по што стана предмет на потсмев. Во телевизиските емисии чија ѕвезда стана тој, лекарите го предупредуваа дека понатамошна злоупотреба на ова хемиско средство би можела да доведе до атрофија и губење на екстремитетите.

Гостувајќи во исклучително популарната емисија на познатиот водител Андреј Малахов, тој исто така изјави дека му се понудени 350 илјади долари за улога во американски порно филм, но тој го одбил тоа.

И на крај Кирил, иако новопечена ѕвезда, очигледно се внесе во големата популарност и улогата на скандал-мајстор, па штотуку призна дека ги измамил своите следбеници, ја тргна претходната фотографија со испумпаните мускули, а новата со повторно напумпани ја потпиша со „базуките се живи, базуките ќе продолжат да живеат“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња