Концернот „Калашников“ отвора онлајн музеј посветен на легендарниот оружар

Kalashnikov Media/Global Look Press
Во годината кога се слави стогодишнината од раѓањето на познатиот конструктор на оружје Михаил Калашников, во план е и основање на Академија „Калашников“.

По повод стогодишнината од раѓањето на познатиот руски оружар Михаил Калашников, концернот што го носи неговото име најави отворање на онлајн музеј посветен на легендарниот конструктор.

Како што на Рускиот инвестициски форум во Сочи посветен на реализацијата на националните проекти изјави генералниот директор на концернот Владимир Дмитриев, акцентот ќе биде ставен на претставувањето на целокупното наследство на Михаил Тимофеевич Калашников, со цел светот да се запознае со неговата уникатна животна приказна.

„Академијата „Калашников“, чие основање во годината на јубилејот е исто така предвидено, ќе подразбира и организирање на разни едукативни програми за младите луѓе во онлајн и офлајн режим“, истакна првиот човек на рускиот концерн.

Стогодишнината од раѓањето на Михаил Калашников ќе биде свечено прославен во текот на целата оваа година ширум Русија, а централната свеченост ќе се одржи наесен. Познатиот руски филмски режисер Сергеј Бодров неодамна почна да снима филм за животот на Михаил Калашников.

Советскиот конструктор на стрелечко оружје Михаил Калашников е роден на 10 ноември 1919 година на Алтај. Легендарната автоматска пушка АК-47, кој до ден-денес се произведува ширум светот ја конструираше 1947 година. Повеќе од четириесет години живееше и работеше во Ижевск, градот во кој најголемата фабрика за автоматско и снајперско вооружување, наведувани артилериски проектили и високопрецизно оружје е именувана по него. Почина на 23 декември 2013 година на возраст во деведесет и петтата година од животот по долго и тешко боледување.

Прочитајте повеќе: Феноменот наречен Калашников

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња