„Тој одамна не тренирал со нив“, рече Песков.
Во јули минатата година во текот на разговорот со питомците на образовниот центар „Сириус“ во Сочи рускиот претседател рече дека негови омилени зафати се фрлање преку грб и фрлање со ножна техника.
Путин од својата 11 година се занимава со источни боречки вештини. Има титула мајстор на спорт во вештините џудо и самбо. Рускиот лидер во 2006 година стана почесен претседател на Европската џудо унија, а 2010 година јужнокорејскиот универзитет Јонгин му додели диплома „доктор по џудо“. Путин има и црн појас во карате.
Претседателот на Русија исто така со задоволство скија и игра хокеј. Вчера скијаше на патеката во Сочи заедно со белорускиот колега Александар Лукашенко.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.