МО на Русија: Бележиме зголемен интерес на Русинките за воена служба

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Руските девојки покажуваат сѐ поголем интерес за воената служба и им пречи тоа што некои воени струки за нив се забранети, изјави началникот на управата на Министерството за одбрана на Русија за односи со населението Наталија Белоусова. Од 100 илјади обраќања, колку што оваа управа добива годишно, 12 отсто се прашања по повод воената служба.

„Младите се заинтересирани за војска! А колку само девојки има! Девојките дури и се лутат што за нив не се достапни сите воени струки“, вели Белоусова и додава дека постои голем интерес за средното и високото воено образование.

Русите исто така се заинтересирани за акцијата „Бесмртниот полк“, вели таа, и се обидуваат да дознаат повеќе за судбините на своите роднини. „Околу 13 отсто од прашањата што ги добиваме се однесуваат на воените архиви“, истакна Белоусова.

Прочитајте повеќе: Руски Амазонки: Зошто Русинките стапуваат во војска?