Во Москва почна снимањето на биографски филм за легендарниот оружар Михаил Калашников

Владимир Вјаткин/Sputnik

По повод стогодипнината од раѓањето на творецот на познатата автоматска пушка АК-47 која ќе биде одбележана на 10 ноември оваа година, рускиот режисер Сергеј Бодров Постариот почна со снимање на филм за легендарниот конструктор на oружје Михаил Тимофеевич Калашников,  соопшти службтаа за односи со јавноста на концернот „Калашников”.

Сергеј Бодров Постариот почна со снимање на филмот за Михаил Калашников кој ќе зборува за животот на познатиот конструктор и неговиот главен изум – автоматската пушка „Калашников“, се наведува во соопштението. Подготовките за снимањето почнаа кон средината на минатата година, а во моментов се снима во Москва, со помош на стручњаци од концернот „Калашников”.

„Во таков филм мора да се обрне внимание на бројни детали, како се облечени актерите, на ракувањето со оружјето, реквизитот во кадарот, затоа што сѐ мора да биде максимално веродостојно, како во поглед на биографијата, така и на техничките детали. Затоа стручњаците се вклучија во работата долго пред почетокот на снимањето“, рече продуцентот Александар Достаљ.

Конструкторот на стрелечко оружје Михаил Калашников е роден на  10 ноември 1919 година на Алтај, во селото Курја. Автоматската пушка АК-47, произведена 1947 година, се прави и денес. Познатиот оружар почина на 23 декември 2013 година по долго боледување во 95 година од животот во Ижевск. Есента 2017 година во Москва беше подигнат седум и пол метри висок споменик на Михаил Калашников, дело на вајарот Салават Шчербаков.

Сергеј Бодров Постариот е признат советски и руски режисер, сценарист и драматург и татко на трагично настраданиот култен руски актер Сергеј Бодров Помладиот.

Одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Михаил Калашников веќе почна, а ќе се одвива во 15 руски региони, додека клучен настан ќе претставува Форумот на оружари што ќе се одржи на 19 септември во Ижевск каде овој оружар живееше и работеше повеќе од 40 години. Раководителот на Удмутрија Александар Бречалов го покани неодамна на овој форум шефот на руската држава Владимир Путин. 

Прочитајте повеќе за феноменот наречен Калашников

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња