Како вистински православен „морж“: Путин и оваа година учествуваше во богојавленското капење

Kremlin Pool/Global Look Press
Кремљ наведува дека шефот на руската држава учествувал во овој настан во Подмосковјето, но не го прецизира точното место.

Претседателот на Русија Владимир Путин учествуваше во традиционалното богојавленско капење, соопшти информативната служба на Кремљ за агенцијата ТАСС.

Како што се наведува, шефот на руската држава зел учество во овој настан некаде во Подмосковјето, но точното место не е прецизирано.

Претходно портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков раскажа дека Путин веќе со години се капе со студена вода на Богојавление. Минатата година по повод Богојавление претседателот присуствуваше во Тверската област (недалеку од Москва) на литургијата во Николо-Столбенскиот машки манастир и се капеше во езерото Селигер. 

Капењето во заледена вода или езеро, на место каде што е направен отвор во мразот, се организира во Русија секоја година на 18 и 19 јануари по повод Богојавление – еден од најголемите православни празници. Не е во прашање црковен обред, туку народен обичај, но Руската православна црква во суштина е благонаклона спрема оваа традиција доколку верникот го прави тоа на достоен начин и ако здравјето му го дозволува тоа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња