Путин уверен дека Русија и Србија ќе ја продолжат соработката во воената сфера

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Русија Владимир Путин изрази надеж дека неговата посета на Србија ќе создаде услови за понатамошен развој на билатералната соработка, вклучувајќи ја и соработката во воената и безбедносната сфера.

Рускиот лидер и претседателот на Србија Александар Вучиќ во четвртокот се сретнаа во Белград.

„Сакам Вам и на сите Ваши колеги да ви се заблагодарам за таквиот однос спрема развојот на руско-српските односи. И да изразам надеж дека во текот на нашата денешна заедничка работа ќе бидат создадени услови за понатамошни чекори во развојот на билатералната соработка“, изјави Путин на средбата на двете делегации.

Како што истакна рускиот претседател, двете земји продолжуваат да соработуваат во воената сфера и сферата на безбедноста, а заедничката работа ја продолжуваат и правосудните органи и јавните обвинителства. „Ние продолжуваме да школуваме и српски кадри“, рече претседателот на Руската Федерација.

„Кога ја споменав соработката во воената сфера, вие знаете дека ние не продаваме само воена техника, туку и стекнуваме воен имот во Србија, па и борбена техника“, нагласи Путин.

Рускиот лидер истакна дека билатералните односи се развиваат во многу правци, вклучувајќи ја и соработката во сферата на трговијата, енергетиката, високите технологии и сообраќајот.

Прочитајте повеќе: Архитектот на храмот „Св. Сава“ го „прими“ Путин во тимот и му „вети“ плата