Архитектот на храмот „Св. Сава“ го „прими“ Путин во тимот и му „вети“ плата

Reuters
Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на посетата на Србија го посети храмот „Св. Сава“ во Белград, каде што ја стави последната коцка во мозаикот „Господ Исус Христос“, соопшти членот на кремљовската новинарска екипа Дмитриј Смирнов.

Оваа вест Смирнов ја објави на „Твитер“.

Кога рускиот лидер ја постави последната коцкичка на мозаикот „Господ Исус Христост“ во храмот „Св. Сава“ во Белград, главниот архитект го „прими“ претседателот на Русија во „тимот“ кој работи на сликањето на храмот.

„Ете, Владимир Владимирович, сега сте дел од нашиот тим“, рече архитектот со насмевка.

„А кога ќе биде платата“, се пошегува Путин.

„Дојдете на почетокот на месецот“, одговори архитектот.

„Не, вакви работи не правиме за пари“, заклучи претседателот на Русија.

Претходно беше соопштено дека пред храмот „Св. Сава“ се собрале 150000 граѓани на Србија во очекување на пристигањето на Владимир Путин.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња