Вучиќ: Секогаш се советувам со Путин

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека секогаш се консултира и советува со рускиот колега Владимир Путин. Тој го кажа ова во интервјуто кое му го даде на првиот заменик-генерален директор на агенцијата ТАСС Михаил Гусман во пресрет на претстојната посета на Путин на Белград на 17 јануари.

„Го прашувам за совет, барам од него совет, го молам за совет. Му кажувам што се случува и не лажам, ја зборувам вистината без оглед на тоа што нему понекогаш некои работи не му се допаѓаат. И мислам дека тоа е она што претседателот Путин многу го цени“, рече српскиот лидер, додавајќи дека и тој „го цени тоа“.

Вучиќ исто така изрази благодарност до Путин за тоа што како „лидер на голема земја“ покажувa почит спрема „мала земја“.

Претседателот на Русија Владимир Путин ќе јa посети Србија на 17 јануари. Се очекува двете земји да потпишат 21 спогодба, меѓу другото, во сферата на сообраќајот, енергетиката и електронската трговија.

Прочитајте повеќе: Како Вучиќ му подари икона на Путин: „Путин стана, покажа почит и својот православен дух“