Вучиќ рече дека досега се сретнал со Путин 14 или 15 пати, првпат уште како потпретседател на српската влада. Вучиќ на телевизијата „Пинк“ евоцираше и спомени на некои средби со Путин по или покрај некои официјални состаноци.
„Путин е рационален и сериозен човек, не е исткаен од митови, но држи до традицијата. Кога бев кај него дома, му купив икона. Ме прими во 22:45 часот. Бевме сами и свиреше на клавир. Ги прекршив сите протоколи и успеав да му донесам икона која не ги поминала сите процедури на нивната тајна полиција. Тој стана и покажа и доверба и почит и својот православен дух. Се изненадив што не ја стави некаде настрана, туку веднаш ја стави на масата до ѕидот, трипати се прекрсти и ја бакна“.
Вучиќ додаде дека потоа разговарале за православниот дух и дека Путин извонредно свири на клавир, а таа ноќ го повикал заедно да ја гледаат ноќната лига во хокеј.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче