Медиумите во Велика Британија го окарактеризираа календарот за 2019 година на Министерството за одбрана на Русија како „божиќна честитка која ја замрзнува крвта во жилите“.
„Денес од Владимир Путин, односно од неговата воена машина пристигна божиќна честитка во вид на календар за 2019 година“, пишува „Дејли Меил“, објавувајќи страници од календарот со превод на ироничните слогани како што се „подесување на апаратурата пред „концерт“, „жестокиот руски пекач на галети”, „кај руските пилотски асови дури и „крокодилите“ летаат“ итн.
„Дејли Меил“ истакнува дека е „очигледна намерата на овој календар исмевањето на Западот“ на католички Божиќ, „кој за православните Руси е обичен работен ден“, додаваат Британците.
Во описот на ноемвриската илустрација на која е рускиот противтенковски ракетен систем „Корнет“ „Дејли Меил“ чита директна провокација упатена до Британците, затоа што корнет беше најнискиот по чин офицер на британската коњаница. Имено, на рускиот календар пишува „Корнетот не е звање – корнетот е животен повик“.
Министерство за одбрана на РФ
Министерство за одбрана на РФ
Министерство за одбрана на РФ