Човек треба да се занимава со бизнис за да остави после себе длабока трага, вели Путин.
„Ќе бидеш среќен само ако створиш производ или добиеш резултат кој ќе остане засекогаш или за долго време. Само така ќе сфатиш дека не си го проживеал животот бесмислено, дека не си само „правел пари“ со кои потоа не знаеш што да правиш“, рече Путин.
Равенката „бизнис=измама“ мора да ја замени поинаква филозофија на работењето, вели тој. Путин исто така потсети дека постојат бизнисмени кои се подготвени да заработат пари по секоја цена.
„Гајле им е за сѐ! Важна им е само заработката! Но постои и друга категорија на луѓе, посреќна. Не смееме да заборавиме дека животот не е вечен. И нема смисла да се трупаат пари кои не знаеш како да ги потрошиш, нема смисла да се потроши животот на тоа“, нагласи рускиот претседател.
Форумот „ПроеКТОрија“ под покровителство на претседателот на Русија се одржува од 11 до 14 декември, а во него учествуваат талентирани деца од сите краишта на земјата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче