Оваа година меѓу најпопуларните новогодишни подароци во Русија се најдоа и книгите, вели Николас Коро, научен раководител на експерименталната лабораторија „Невротехнологиите во управувањето“ на Финансискиот универзитет при владата на Русија.
Коро објаснува дека, како и секоја година, во пресрет на новогодишните празници расте побарувачката за парфеми и техника за домаќинствата, додека козметиката постепено губи на популарност, пренесува RT.
Освен тоа, пред Нова година Русите купуваат производи на модната индустрија, иако најчесто ваквите подароци ги одбираат самите за себе. Исто така, популарни се и мобилните уреди.
„Многу ми е мило што годинава книгите повторно се наоѓаат меѓу најпопуларните подароци, особено скапите и познати книги. Од новитети се купува сѐ што има врска со старите руски занаети. Такво нешто немаше пред 10 години“, истакна Коро.
Според овој стручњак за маркетинг, Русите им подаруваат на децата мобилни уреди и книги, бонбони, облека и играчки.
Русите трошат на подароци онолку колку што им дозволуваат нивните примања. „Спроведовме истражување на московските универзитети. Студентите планираат да потрошат во просек до 4,6 илјади рубли (околу 60 евра). Менаџерите од среден и средно-висок ранг ќе издвојат за подароци од 19 до 22 илјади рубли (250 до 290 евра)”, вели тој.
Притоа, според оцената на Коро, во просек луѓето во Русија се подготвени да потрошат за новогодишната трпеза околу 15000 рубли (околу 200 евра).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче