1. Снежен леопард
Оваа дива мачка која во Русија се нарекува ирбис или снежен рис, е всушност мошне ретко животно. На светот ги има само неколку илјади, но е мошне тешко да се пребројат. Снежните леопарди водат таинствен живот во тешко пристапните планински предели. Во Русија ги има во Сибир, пред сè на Алтај и на Сајанските планини. Имаат долги крзнени опашки и густо крзно со дамки кое го штити од сибирското студенило. Некои научници ги нарекуваат гурмани зашто својата месна исхрана ја дополнуваат со лисје и со трева.
2. Орловски касач
Ова е најпознатата и најстарата раса коњи во Русија. Орловскиот касач лесно ќе го препознаете по неговата уникатна сива боја на влакното со дамки, иако влакното може да биде со различни бои: од светло сива до темно кафеава. Расата настанала во седумдесеттите години од 18 век на имотот на грофот Алексеј Орлов во близина на Москва. Орловскиот касач е висок, лесен и елегантен коњ со бујна, густа грива и гордо, грациозно држење.
3. Самојед
Самоједите се прекрасни кучиња и се свесни за тоа. Познати се по тоа што на усните имаат вечна насмевка. Тие илјадници години се неразделни следбеници на самоједскиот народ кој живее на далечниот север. Припадниците на овој народ ги користат за да им ги чуваат децата, а исто така тие со задоволство спијат потпрени на нив поради нивното меко крзно. Самоједите не би требало да се држат затворени во стан, зашто се мошне активни кучиња на кои им е потребно многу простор. Ако имате среќа и поседувате самојед со кој добро се однесувате, тогаш тој сигурно ќе ви биде вашиот најдобар пријател!
4. Арктичка лисица
Оваа бела збунета убавица е жител на тундрата, а нејзиното бело крзно служи за камуфлажа во снегот. Арктичките лисици се исто така доста пријателски расположени, што може да се види и од оваа снимка.
Арктичката лисица живее во сурови услови: поднесува долга студена зима, недостаток од храна и избегнува опасни, прегладнети ѕверови. Сепак, нејзин најголем непријател се луѓето кои ја ловат поради крзното. На лето арктичките лисици ја менуваат бојата во „валкано“ кафеава, што не е толку елегантна како нејзината зимска одора.
5. Далекоисточна дива мачка
Иако изгледа симпатично и мило, оваа мачка е опасен грабливец. Дивите мачки не поднесуваат лошо време и кога паѓа снег во состојба се да поминат неколку дена без да излезат од своето скривалиште. Под густото крзно имаат слој маснотија која ги грее во текот на зимските месеци.
6. Сибирски елен или марал
Маралот е подвид на обичниот или црвен елен кој живее на Сибир. Ова благородно животно е познато по своите големи разгранети рогови кои можат да бидат подолги и од еден метар! Маралите се плашливи животни и воопшто не се агресивни. Во дивината живеат подалеку од луѓето. Сепак, луѓето веруваат дека нивните млади сомотски рогови имаат лековито својство и затоа ги одгледуваат на фарми.
7. Амурски тигар
Амурскиот или сибирски тигар е една од најголемите и најзагрозени диви мачки на светот. На Далечниот исток во Русија каде главно живеат овие неверојатни животни, се останати само 500. Шарите на крзното на тигарот се уникатни како отисок од прст: не постојат два тигра со целосно исти шари.