Секогаш да го совладате мажот: Хабиб на девојките-борци им даде совет за семеeн живот

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Рускиот ММА-борец Хабиб Нурмагомедов им даде совет на девојките-борци во ММА. Снимката од разговорот на овој спортист со навивачите, во кој тој зборуваше и на оваа тема, е објавена на  „Јутјуб“ каналот REDFURYMMA.

„За жените имам одличен совет: бидете борци во својата куќа. И уште еден совет: секогаш да го совладате го мажот. Добро да го биете“, изјави Нурмагомедов.

Во моментов најдобри услови за учество на жени-борци постојат на натпреварувањето во UFC, чиј актуелен шампион е Нурмагомедов. UFC има четири женски категории во кои се натпреваруваат 99 спортистки. Во Русија не се одржуваат женски борби на високо ниво. Водечките руски натпреварувања (Fight Nights, M-1 и Absolute Championship Berkut (ACB), кој неодамна се обедини со World Fighting Championship Akhmat) немаат женски категории.

Нурмагомедов е шампион на UFC во лесна категорија. На 6 октомври тој на турнирот на UFC 229 ја одбрани титулата победувајќи го Ирецот Конор Мекгрегор. По овој дуел рускиот борец се закачи со тренерот на противникот, што прерасна во масовна тепачка. Атлетската комисија на државата Невада, во која се одржа борбата, ја продолжува истрагата за овој настан.

Прочитајте повеќе: Борба и тепачка по борбата: Како Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Макгрегор