Французите открија каде лежи тајната на рускиот претседател: Путин знае географија!

Алексеј Никољски/Sputnik
Главниот фактор на успехот на претседателот на Русија Владимир Путин е неговото познавање на географијата, пишува „Фигаро“.

Веќе долга низа години Русија успешно настапува на меѓународната сцена, пишува францускиот весник. „Таквиот геополитички успех е можен благодарение на Путиновото познавање на географијата, предмет на кој на Запад не му посветуваат доволно внимание. Токму знаењето на географските и културните особини на различни држави, како и квалитетното раководење, му овозможи на Путин да оствари таков успех на меѓународна сцена“, пишува „Фигаро“.

Како пример изданието го наведува по малку комичниот предлог на рускиот министер за земјоделство Александар Ткачов Русија да ја снабдува Индонезија со свинско месо. Путин веднаш му одговори на министерот дека планот е осуден на неуспех, затоа што свинското месо е последното нешто што ѝ е потребно на муслиманска Индонезија.

Путин толку добро ја знае географијата благодарение на советскиот образовен систем и на сето она што го научил во КГБ. Освен тоа, Путин е и претседател на покровителскиот совет на Руското географско друштво и понекогаш учествува на тие седници.

Рускиот лидер има голема предност во однос на западните колеги токму поради своето знаење, односно нивното незнаење географија. Во американските училишта географијата не е задолжителен предмет, а во Франција на географијата ѝ посветуваат малку внимание, пишува „Фигаро“, додавајќи дека на Запад повеќе се занимаваат со економија.

Францускиот весник го наведува примерот на поранешниот претседател на Франција Николас Саркози, како и на САД Џорџ Буш Помладиот, кои не разликуваа Сунити од Шиити, додека актуелниот домаќин на Белата куќа ги меша Австрија и Австралија, а Емануел Макрон не знае дека Француска Гвајана не е остров.

Прочитајте повеќе: Путин: Искуството од КГБ ми помогна во граѓанската сфера

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња