Лада почна со продажба на унапредениот хечбек „Лада X-RAY“

Lada.ru

Ова го соопшти прес-службата на АвтоВАЗ. Според нив, „Лада X-RAY“ сега има подостапна основна верзија. Сега минималната цена на хечбекот е 589900 рубли (7800 €), што е за 40000 рубли (530 €) помалку од претходно. За тие пари купувачот добива бензински мотор од 1,6 литри кој работи во пар со механика, како и две предни воздушни перничиња, ЕРА-Глонасс навигациски систем, систем за контрола на стабилноста со помошна функција заштита од лизгање, централна брава, електрични прозорци, аларм и фелни од 15 инчи.

Покрај основната конфигурација, унапредената Лада „X-RAY“ ќе биде достапна и во верзиите „Classic“, „Comfort“ и „Luxe“. Притоа купувачот ќе може самостојно да го одбере пакетот со опции, една од трите варијанти на моторот и менувачот. Така, на пример, можете да земете хечбек со мотор од 1,8 литри и 122 коњски сили и роботизиран менувач. Во зависност од избраниот агрегат и менувачот, цената на „Лада X-RAY“ ќе се движи од 629900 (8330 €) до 772900 рубли (10221 €).

Важно е да се напомне дека покрај достапноста на разновидна опрема, унапредената „Лада“ е и попространа и покомфорна за патниците на задните седишта, благодарение на новите седишта кои се поместени наназад и надолу, што го прошири просторот за нозете за околу 25 милиметри.

Прочитајте повеќе: Руските „Лади” меѓу 50 најпродавани марки автомобили на светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња