Видео: Русин изведе мечка на прошетка, па ја заинтересира полицијата

Global Look Press

Во градот Прокопјевск во Сибир минатиот викенд од прозорецот на својот стан еден очевидец сними маж како на ремче шета мечка по снежната патека опколена со дрвја, во близина на патот. Снимката е објавена на „Јутјуб“ каналот Прокопьевск.ру.

Како што пренесуваат некои медиуми, од градската администрација е кажано дека мечето има околу половина година и дека мажот го чува во гаража. Сепак, за да се разјасни ситуацијата до крај, властите на Прокопјевск се обратија по тој повод до полицијата.

На снимката се гледа како мечето, кое првин послушно одеше, кога се приближи до коловозот, се вкопува, нагло го влече стопанот и го враќа назад, скокајќи во навевите. Меѓутоа кога сфати дека ремчето е многу силно, а газдата ништо помалку силен за да го задржи дивото животно, мечето се врати на патеката и се смири.

На крајот дојде и официјалното објаснување. Седумемесечното мече на ремче го шетал вработен во циркус кој на гостување во Прокопјевск пристигнал од Волгоградската област. Трупата настапува во една спортска сала покрај која очевидците го сликаа циркускиот пар. Според циркуските артисти, мечето не претставува никаква опасност за околината. По завршувањето на постапката ќе биде донесено решение во склад со важечките прописи, велат од полицијата.

Не е исклучено циркуските артисти кои пристигнаа во градот долго време пред настапот да ја шетале мечката по станбената населба за да привлечат внимание и да ја промовираат претставата.

„Само немојте на странците да им го покажувате видеото, тие и така мислат дека кај нас мечките се чуваат на ист начин како и мачките“, реагираа некои жители на социјалните мрежи по појавувањето на видеоснимката, пренесуваат руските медиуми.

Погледнете го видеото: Русин чести кафена мечка сo две колачиња

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња