Корисникот на интернет olesyasokolik објави на својот профил на социјалната мрежа „инстаграм“ снимка направена на станица на Московското метро на која се гледа девојка со голема жива лисица на рамо.
Крупното диво животно на видеоснимката мирно седи на рамото на својата газдарица без трошка страв од луѓето или од карактеристичната бучава на возовите од подземната железница. Корисниците на интернетот реагираа кротко. Некои сметаат дека лисиците сѐ повеќе на кучињата и мачките им го одземаат приматот на исклучителни домашни миленици.
Корисникот peshkov_700 претпостави, сепак, дека лисицата ја водат за да ѝ стават ремен, но другите коментатори му возвратија дека не треба да биде толку брутален. Тој не се предаваше, па одговори дека на грабливката местото не ѝ во метрото и дека сите добри луѓе истиот момент ќе се премислат ако дивата ѕверка го касне нивното дете. „На дивото животно местото му е во кафез, зоолошка градина или на слобода. Министерството за внатрешни работи во Московското метро треба да обрне внимание на возењето на грабливки на јавно место“, напиша peshkov_700. „Превоз на диви и домашни животни во метрото е дозволен само во специјални носачи, кафези или торби. Разбираме дека лисиците можат да бидат мили, но безбедноста на луѓето мора да биде на прво место. Затоа ако здогледате сличен патник, не правете само фотографии или видеоснимки, туку тоа јавете ѝ го на полицијата, машиновозачот или на дежурниот“, соопшти службата за односи со јавноста на Московското метро.
Во ноември во московската подземна железница сторител насаска куче на полицаец, така што чуварот на редот беше принуден да пука и да го убие животното.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче