На 18 јануари 2018 година неколку полицајци во Петерхоф (општина во Санкт Петербург) пребаруваа голема зграда, кога зачуја вресок. Еден од нивните колеги влезе во подрумот: „Тоа е крокодил!“
Запрепастени, полицајците се симнаа по скалилата и навистина видоа крокодил, жив и здрав. Се шеташе по подот кој изгледаше како да е некаков вид на када. Еден од полицајците го фати животното пред да го пријави инцидентот во станица.
Според локалниот весник „Фонтанка”, полицаецот веднаш го прашал сопственикот на куќата: „Што е ова?“ (веројатно додавајќи некои изрази кои овде не можеме да ги цитираме). Сопственикот Павел Бараненко, кој инаку се занимава со историски реконструкции, одговори смирено: „Ова е нилски крокодил“.
Се покажа дека Бараненко го чувал крокодилот како милениче веќе 10 години (иако е нејасно каде го набавил), го чувал во подрумот и го хранел со глувци. Јасно е дека тоа е забрането. Замислете си крокодилот да избегал, да исплашил или нападнал некого. Покрупен човек веројатно би му изгледал мошне примамливо по едноличната исхрана со глувци.
Тоа не е единствениот проблем со кој се соочи Бараненко. Полицијата кај него пронајде и илегално оружје, вклучувајќи бомби, муниција и други „играчки”. Изгледа дека наскоро ќе има можност да го реконструира бедниот живот на својот крокодил, заклучен во подрумот на руски затвор.
Се чини дека крокодилот не е единствено домашно милениче во Русија. Прочитајте ја нашата статија за Русинот кој живее со леопард и го води во прошетка на игралишта за деца
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче