Видео: Уште една руска лизгачка изведе стриптиз на мраз

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руската спортистка Софија Евдокимова настапувајќи во пар со Егор Базин изведе стриптиз на Гран прито во Москва. Видеото го објави „Прв канал“ на „Јутјуб“.

Евдокимова и Базин на турнирот го зазедоа четвртото место. Првото им припадна на Иван Букин и Александра Степанова – парот го собори светскиот рекорд во слободна програма. 

Руската лизгачка Елисавета Туктамишева исто така се соблече во текот на настапот на Гран прито во Канада и ги инспирираше другите спортисти да го повторат истото под хаштагот #Tuktikchallenge.