По маестралната победа на Гран прито во Канада руска лизгачка изведе „стриптиз” на мразот

Global Look Press
Во ревијалната програма настапи во провокативна, но изискувачка точка, во костим на заводлива стјуардеса.

Руската лизгачка Елисавета Туктамишева, која по феноменалната изведба на сложената програма го освои златниот медал во втората етапа на Гран прито во уметничко лизгање во Канада, реши да ги крене тензиите и во ревијалниот настап.

Таа на мразот се појави во оригинален костим на заводлива стјуардеса со црвена марама околу вратот и послужавник кој подоцна го спушти на оградата на лизгалиштето. Во еден момент го отфрли горниот дел на облеката и остана само во градник и мини здолниште со шлиц. И сето тоа со овации од публиката и збунетите телевизиски коментатори кои ѝ оддадоа признание за изведбата на сложената точка со песната на Бритни Спирс „Токсик“.

 Елисавета Туктамишева, по маестралниот настап во официјалната програма го освои златниот медал, засенувајќи ја својата земјачка, двократната шампионка на светот Евгенија Медведева, како и Јапонката Мако Јамашиту. Меѓутоа, дваесетиедногодишната Русинка не го привлече вниманието само со победата во официјалниот дел на натпреварувањето одржано во канадскиот град Лавал, што може да се види на видеоснимката.

Овенчана со бројни награди, меѓу другото и со шампионка на светот и добитничка на златен медал на Европското првенство 2015 година, Туктамишева сега првпат по сезоната 2014/15 освојува златен медал во етапа на Гран при.

Еве што вели за својот провокативен настап неконвенционалната млада руска шампионка:

„Се работи за идеја на мој пријател која многу ми се допадна, затоа што веднаш сфатив дека со песната на Бритни Спирс „Токиск“ може да се изведе многу возбудлива точка, па затоа и ја предложив на тренерите. Многу работевме на мојот настап, меѓутоа кога првпат излегов во тој костим, дојде до помали непредвидени ситуации. До Јапонија сѐ ќе поправиме и тоа ќе биде полн погодок. Колегите беа воодушевени, моето момче Андреј беше свесен што го чека, и нему, се разбира, му се допадна“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња