Руски возач во камион КамАЗ приреди дрифт спектакл во пар со Новозеланѓанин во „Мазда“ (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Адреналинско возење со бочно лизгање беше изведено на територијата на Кировскиот завод во Санкт Петербург.

Натпреварувањето меѓу камионот кој победи на релито „Дакар“ и спортски автомобил Mazda RX-8 го организирапе компанијата „Ред Бул“. Зад воланот на рускиот камион беше Едуард Николаев, додека „Маздата“ ја возеше Новозеланѓанецот Мајк Видет.

Интересно е што силата на моторите на двете возила е околу илјада коњски сили, додека масата на камионот е девет пати поголема од масата на автомобилот. Меѓутоа, возењето со бочно лизгање поради тоа не беше ништо помалку возбудливо и атрактивно.

Погледнете уште една несекојдневна трка