Погледнете како изгледа трка на руски тенкови (ВИДЕО)

Т-80

Т-80

Михаил Воскресенски/Sputnik

На интернет расте популарноста на снимката од импровизираната трка во која учествуваа два тенка Т-72 и еден тенк Т-80. Настанот, судејќи според описот, се одиграл во близина на Новосибирск.

Видеото е снимено пред пет години, но се прослави откако Андреј Тарасенко го постави на блог.

Од кадрите се гледа јурењето на оклопните грдосии тешки над 40 тони секоја.

Во овој случај, победник беше тенкот Т-80, додека Т-72 останаа зад него. Ова не чуди, затоа што моќната гасна турбина ГТД-1000ФТ од 1100 коњски сили му дава на „осумдесетката“ можност да развие брзина од 70-80 километри на час на автопат. Способностите на Т-72Б со мотор од 840 коњски сили се далеку поскромни – до 60 километри на час. Меѓутоа, ако се погледне динамиката на забрзувањето, Т-80 е поинфериорен од Т-72 затоа што турбината нема толку цврста врска со излезната осовина. Од една страна, тоа е предност, затоа што тенкот не се гаси и не заглавува дури ни кога ќе удри  ѕид, но од друга страна динамиката на забрзување е по малку трома.

Прочитајте повеќе: Пет податоци кои најверојатно не сте ги знаеле за руските тенкови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња