На интернет е објавен детален приказ на новиот магистрален шлепер „КамАЗ-54901” кој го состави началникот на научно-техничкиот центар на компанијата Игор Валеев.
Треба да се истакне дека овој напреден модел на камионот е првото возило од новата генерација К5. Конструкцијата на кабината на шлеперот е преземена од камионот Mercedes Benz Actros од најновата генерација.
Во возилото од генерацијата К5 има прилично слободен простор: растојанието од подот до плафонот е 1980 мм, а внатрешната ширина му е 2270 мм. Новиот „КамАЗ” има оригинален ентериер, команди и инструмент табла кои се наоѓаат на растојание на испружена рака, седиште со широк дијапазон на прилагодувања, два лежаи и компјутер со екран на допир од 10 инчи.
Камионот ќе го движи нов мотор Р6 произведен во соработка со швајцарската компанија „Либхер“. Моторот има 12 литри, а силата му се движи од 380 до 550 коњски сили. Може да помине 1,5 милиони километри со сервисирање на секои 150 илјади километри. Моторот функционира во пар со германскиот автоматски управувач ZF Traxon.
Прес-службата на марката истакнува дека првите 40 шлепери од пробната серија на фабриката ќе бидат произведени и испорачани на превозниците веќе до крајот на 2018 година. Производството на сериската варијанта ќе почне во јануари следната година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче