Книгата на шампионот: Хабиб наскоро ќе ја претстави својата автобиографија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Освојувачот на појасот на UFC во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов кон крајот на ноември во Москва ќе ја претстави својата прва автобиографска книга. Борецот го објави ова на својот профил на „Инстаграм“.

„Многу ми е мило што можам да соопштам дека мојата автобиографија KhabibTime е завршена и дадена во печат“, напиша Нурмагомедов.

„На книгата работевме две години. Кога почнавме да ја пишуваме, не бевме сигурни дека за две години ќе бидам борец со веќе освоена титула шампион на UFC која успеал да ја одбрани во најголемата борба во историјата на ММА на UFC-натпреварување. Тогаш многумина ни велеа: зошто толку рано пишуваш книга, барем првин стани шампион итн. Во секој случај, имаше многу критичари и признавам дека тоа беше ризично, но во овој момент оваа книга има смисла. Со извесна возбуда очекувам кога ќе можам да ја земам в раце, а презентацијата ќе се одржи веќе на 26 ноември на бизнис-форумот SynergyGlobalForum2018 во Москва”, напиша Хабиб на „Инстаграм“. 

Презентацијата на биографијата ќе се одржи на 26 ноември на бизнис-форумот Synergy Global Forum во спортскиот комплекс „Олимписки”.

Нурмагомедов е актуелен шампион на UFC во лесна категорија. Зад себе има 27 борби според правилата на мешаните боречки вештини и исто толку победи.

Претходно беше соопштено дека во 2019 година Нурмагомедов би можел да си ги одмери силите со Американецот Флојдом Мејведер.

Прочитајте повеќе: Борба и тепачка по борбата: Како Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Макгрегор