Не е фотомонтажа! Погледнете го доказот дека на рускиот север шпагетите треба да се јадат брзо

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Не е едноставно да се јадат шпагети на температури под нулата, во што можеше да се увери еден руски корисник на „Инстаграм“. Овој човек кој живее во Норилск објави фотографија на која неговата виљушка полна со замрзнати шпагети буквално лебди во воздухот.

Тој вели дека шпагетите биле надвор само четири минути пред целосно да замрзнат. Бил инспириран од италијанските истражувачи кои објавиле фотографии од своите замрзнати виљушки додека се гоштевале на Антарктикот со азиска кујна.