Магазинот „Тајм“ го вбројува московскиот парк „Зарјадје” меѓу најдобрите светски дестинации

Константин Кокошкин/Global Look Press

Магазинот „Тајм“ (TIME) ја објави својата годишна листа на најдобрите места на светот кои треба што побргу да се посетат. Меѓу 100 дестинации се наведени кафулиња, паркови и музеи ширум светот. Тука е и московскиот парк „Зарјадје”, отворен во септември 2017 година.

„Паркот опфаќа концертна сала, ледена пештера и мост во форма на бумеранг преку реката Москва“, пишува „Тајм“. Магазинот исто така пишува дека „Зарјадје“ не е засноват врз советската традиција, туку дека го претставува новото лице на Русија.

Прочитајте повеќе: Московскиот парк „Зарјадје“ прогласен за најдобар јавен простор изграден 2017 година

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња