Љубитељ на бања
Global Look PressНовинарот Том Оу посети традиционална руска бања во Лондон, каде ја помина целата процедура од масажа со брезови метлички кои ги спореди со „воено оружје“ до студена вода. На крај, сепак, призна дека руската „бања“ му се допаднала многу. Своите впечатоци од бањата Banya No.1 во кое своевремено уживаа големи светски ѕвезди како Кејт Мос или Џастин Бибер новинарот ги објави во „Телеграф“, пренесуваат руските медиуми.
„Опуштањето е интересна работа“, си мислев погледнувајќи под белата капата слична на онаа што ја носат Штрумфовите, додека брадест бодибилдер ме „шибаше“ по гол грб со омекната брезова метличка“, наведе новинарот. Според него, брезовите метлички слободно можат да се споредат со „воено оружје“, а масажата ја опишува „како да те удира големо дрво за време на плисок“.
Откако по парењето нурна во „неверојатно студената вода“, новинарот заклучува дека добил „нови бели дробови“ и признава дека се чувствува далеку посвежо отколку пред доаѓањето во руската бања.
Ништо помали не се ни импресиите кои од сибирска бања ги понесе Емир Кустурица, кога изјави дека на брегот на Ангара едноставно би сакала да направи куќа и да се пресели во Сибир. Кустурица, кој беше гостин на пијанистот Денис Мацуев на музичкиот фестивал во Иркутск „Ѕвездите на Бајкалот“ седум пати нуркаше во студената вода.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче