Кисели краставички, кавијар и бања против мамурлак

Извор: Getty Images / Fotobank

Извор: Getty Images / Fotobank

За време на празниците мошне често се случува да ве мачи мамурлак наутро. Постојат многу начини како да се „откачите“ од мамурлакот, но ние ќе се сконцентрираме на древните руски методи.

Една народна мудрост вели: „Она што на Русите им е убаво навечер, им прави лошо наутро“. Овој важен дел од руската култура со доза хумор се однесува на оние болни нешта како што е утринскиот мамурлак. Најочигледен начин за лекување на мамурлакот е similia similibus curentur, односно да се лекува со истото од што се боледува, како што вели Парацелзус, лекар-хомеопат, кој живеел во 16 век. Затоа алкохоличарите наутро пијат пиво или вотка. Михаил Булгаков во својот роман „Мајсторот и Маргарита“ дава опис на идеален појадок за човек со мамурлак: „На малечката масичка е поставен послужавник, на кој има исечен бел леб, пресуван кавијар во вазичка, бели маринирани печурки на тацна, нешто во тенџерче и, на крајот, вотка во голем бокал. Стјопа беше особено вчудовиден од тоа што бокалот беше наросен од ладно. Всушност, тоа беше разбирливи оти беше ставен во сад со искршен мраз“.  

Оние со поголемо искуство како утринска детоксикација за организмот советуваа ерменски хаш. Но, тој се подготвува долго. Потребно е пет-шест часа да се вари говедска нога.

Најважно е да не се премине границата, оти од мамурлак до запивање има само еден чекор. Ако наутро испиеш повеќе одошто треба, ќе сакаш да продолжиш. И така втор ден, трет... Приказни за алкохоличари што се запиваат во Русија има многу. Големиот композитор Модест Мусоргски страдал од алкохолизам, а тоа многу му пречело во компонирањето. А, познатиот поет Сергеј Есенин во таква состојба станувал мошне агресивен и можел да удри кого било со шише по глава. Многу често запивањето доведувало до самоубиства и до убиства. Така, постои верзија дека Александар Фадеев, претседателот на Сојузот на писатели за време на Сталин, се самоубил во состојба на запивање. А, поетот Николај Рубцов бил убиен од својата граѓанска жена, поетесата Људмила Дербина, за време на караница во пијана состојба. 

Во Русија се трезнат на разни начини. Во Сибир во вакви случаи често одат во бања. Исто така се советува да се направи топло-ладен туш. Овие методи се ефикасни, но постои една сериозна опасност: во случај на предиспонираност на кардиоваскуларни болести, може да се случи мозочен удар или инфаркт – сепак организмот е затруен со алкохол и ваквите процедури претставуваат екстремен предизвик за него. 

Постојат и помеки начини. Често ја пијат маринадата од киселите краставички или расолница. Тие помагаат при нормализирање на водено-солениот баланс на организмот. Од истите причини може да се напиете кумис, ајран, тан, кефир или домашен квас. Сите овие пијалаци имаат слично дејство како и расолницата. 

Оние со поголемо искуство како утринска детоксикација за организмот советуваа ерменски хаш. Но, тој се подготвува долго. Потребно е пет-шест часа да се вари говедска нога. Затоа за оние што се многу нетрпеливи постои полесна варијанта: да се напијат булјон или каква било мрсна супа. А, за оние што не јадат мрсно или се плашат за холестеролот им се советува да не се напиваат за празниците.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња