Запознајте ја руската убавица која ќе ја претставува Русија на изборот за „Мис на планетата Земја“

Дваесетичетиригодишната Дарија Картишова од Нижни Новгород ќе ја претставува Русија на меѓународниот натпревар во убавина „Мис на планетата Земја 2018“ кој ќе се одржи на Филипините на 3 ноември.

Врз основа на нејзиниот профил на „Инстаграм“ може да се заклучи дека Дарја професионално се занимава со танц. На листата на најдобри парови во латиноамерикански танци таа со својот партнер го зазема 25 место. Покрај тоа, тие се најдобриот пар во Чешка. Н натпреварувањето „Убавина на Русија“ (Краса России) 2017/18“ Дарија ја освои титулата „Мис на планетата Земја“.

Мината година поради круната „Мис Нижни Новгород“ на оваа убава Русинка не ѝ беше тешко да ослаби 12 килограми, а во пресрет на „Убавината на Русија“ уште седум.

„Мис на планетата Земја“, кое се занимава со промовирање на еколошката свести обрнување на вниманието врз хуманитарните проблеми на денешнината,  е едно од најпопуларните на светот натпреварувања во убавина, а се одржува на Филипините под покровителство на ОН.  Учесничките ги претставуваат своите меѓународни програми насочени кон подобрување на еколошката ситуација, а победничката станува претставничка на ОН за развој на Програмата за зачувување на животната средина на планетата Земја.

Дарија сака да ѝ помогне на Русија во организацијата и спроведувањето на активностите во сферата на зачувувањето на животната средина со цел решавање на различните еколошки проблеми, се вели на сајтот на натпреварувањето.

„Се гордеам со историјата на мојата земја, нејзината култура и големите резерви на природни ресурси. Во нашата земја се наоѓаат најголемите шуми на светот, најголемите залихи на вода за пиење и минерали. Сепак, мислам дека клучната гордост на Русија претставува нејзиниот народ“, вели Дарија.

Финалето на натпреварувањето ќе се одржи на 3 ноември, а во моментов убавиците од целиот свет одат на еко-патувања и се подготвуваат за разни етапи на натпреварувањето.

Прочитајте повеќе: На конкурсот „Мисис на Светот“ Русија ќе ја претставува сопруга на руски милијардер

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња