Руска војска на вежба на ОДКБ во Киргизија

Global Look Press
Колективните сили за брза реакција на ОДКБ под називот „Интеракција 2018“ ќе биде подготовка и изведување на здружени операции за локализација на вооружен конфликт во централноазискиот регион.

Комбинираните сили ќе работат заедно за да го локализираат конфликтот во регионот и да го зачуваат територијалниот интегритет и уставниот поредок на хипотетичка членка на ОДКБ која е под симулиран напад. Освен тоа, ќе се усовршуваат техники на уништување на илегални вооружени групи, при што од полза ќе бидат борбените искуства кои руските сили ги стекнаа во Сирија. Ова го соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Во вежбата ќе учествуваат единици на вооружените сили на Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргизија, Русија и Таџикистан, како и оперативна група на здружениот генералштаб на ОДКБ.

Маневрите под команда на Централниот воен округ на Руската Федерација ќе ги опфатат воздушно-десантните сили, моторизираните стрелечки и артилериски единици, групите за специјални намени, како и авијацијата, вклучувајќи ја и беспилотната.

Маневри „Интеракција 2018“ се одржуваат во рамките на големите воени вежби „Борбено братство 2018“, кои ја опфаќаат и вежбата на извидничките единици на вооружените сили на државите-членки на ОДКБ под називот „Поиск 2018“, вежбите на мировните сили на ОДКБ „Неуништливо братство 2018“ и вежбите на колективните сили за брза реакција на централноазискиот регион ОДКБ „Рубеж 2018“.

Прочитајте повеќе: 15 години ОДКБ: успеа ли Русија да направи во Евроазија свое НАТО

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња