Борба и тепачка по борбата: Како Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Макгрегор

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во борбата за титулата шампион на Ultimate Fighting Championship (UFC) во лесна категорија рускиот ММА борец Хабиб Нурмагомедов го победи Ирецот Конор Макгрегор и ја одбрани шампионската титула.

Борбата во Лас Вегас заврши во четвртата рунда, кога Нурмагомедов со зафат за гушење го онеспособи Макгрегор и овој се предаде, така што судијата го прекина мечот, пренесува РИА „Новости“.

Веднаш по борбата изби скандал, кога Нурмагомедов по вербалното препукување со некого од публиката ја прескокна оградата на пентагонот и започна тепачка. Потоа беше вратен во октагонот, каде тепачката продолжи.

На крајот полицајците ги изведоа од салата и едниот и другиот борец. Нурмагомедов е прогласен за победник, но не му беше врачен појасот.

Полицијата приведе и тројца членови на тимот на Нурмагомедов, меѓу другите и неговиот менаџер Ризван Магомедов. Причината за приведувањето не се наведува.

По мечот беше одржана специјална конференција за новинарите на која учествуваше претседателот на UFC Дана Вајт, пренесува ТАСС.

Вајт рече дека Нурмагомедов може да биде дисквалификуван и дека може да му биде одземена титулата.

Борбата меѓу рускиот и ирскиот борец беше нетрпеливо очекуван настан во светот на мешаните боречки вештини. Подготовката за борбата беше проследен со многубројни скандали и провокации, пред сѐ од страна на Макгрегор.

Нурмагомедов е првиот борец од Русија кој ја освои титулата шампион на UFC. Тоа се случи во април 2018 година, кога го победи Американецот Елон Јаквинта. Триесетгодишниот Нурмагомедов ниеднаш не е поразен во борбите во ММА.

Прочитајте повеќе: Хабиб или Конор? Зошто Русите не можат да решат за кого да навиваат?