Антон Хорошев сигурно не е роден во свила и кадифе, далеку од тоа. Живеел во мошне бедно домаќинство во безимено село во зафрлен крај на југот на Ставрополската област. Знаел дека, доколку не преземе нешто, ќе го помине животот во сиромаштија. Така еден ден заедно со својата жена решил да тргне во акција.
„Ми беше потребно да почнам бизнис кој брзо ќе напредува, така што да можам да си купам своја куќа и да заминам оттаму“, се сеќава Антон. Неговата идеја била – блог на „Јутјуб“. Почнал да објавува снимки за животот во неговото село, а својот канал го нарекол „Семејство на село”. Брзо го освоил интернетот и патем заработил нешто пари. Тоа била неговата шанса.
Наскоро купил куќа во Волгоградската област и почнал да се занимава со земјоделие. Неговиот канал е толку популарен што гледачи од Германија дури го прашале семејството Хорошев дали сакаат да влезат во заеднички потфат на водење на фарма. Гермабците се толку импресионирани што се подготвени да се преселат во Русија.
Антон редовно објавува нови видеоснимки за своите 160000 следачи, а на веб-сајтот RTD можете да го погледнете документарецот за тоа како тој го живее својот сон.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче